Северна Македонија е сè поранлива на влијанијата на климатските промени, особено во секторите како што се земјоделството, водните ресурси и јавното здравје. Зголемувањето на температурите, долготрајните суши и почестите екстремни временски настани претставуваат значителен ризик за економската стабилност и социјалната благосостојба на земјата. Овие предизвици несразмерно ги погодуваат ранливите групи, вклучувајќи ги жените, руралните заедници и населението со ниски приходи, интензивирајќи ги постојните нееднаквости. Затоа, потребата од зајакнување на климатската отпорност на општеството е од клучно значење, а решавањето на еколошките и социјалните димензии е витално за одржливиот развој.
Како одговор на овие предизвици, Националното назначениот орган при Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на активностите поврзани со Зелениот климатски фонд во земјата, во соработка со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во Северна Македонија во рамките на проектот „Градење капацитети за одржлив развој на човечкиот капитал“, имаше за цел да поттикне поинклузивен и климатски отпорен развој преку интегрирање на родовата еднаквост и димензиите на човечкиот капитал во пристапите за климатска акција. Како дел од овој проект, во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година, во координација со релевантните засегнати страни, а со поддршка од национален и меѓународен консултант, беа развиени два значајни документи за подобрување на дизајнот и имплементацијата на проекти во согласност со климатските и развојни цели на државата.
1. Насоки за интегрирање на родовата димензија и димензијата на човечкиот капитал во оценувањето и осмислувањето проекти кои се однесуваат на климата- Овој документ дава сеопфатна рамка со цел да се обезбеди дека размислувањата и пристапите за родот и човечкиот капитал се интегрирани во сите фази на оцена и дизајн на проекти поврзани со климата. Со оглед на непропорционалното влијание на климатските промени врз маргинализираните групи, особено жените, младите и групите во неповолна положба, од клучно значење е проектите да ги земат предвид родовите разлики и да промовираат правични развојни резултати.
2. Насоки за зајакнување на аспектите на климатските промени во проектите за општествен развој- вториот документ се фокусира на зајакнување на климатската рационалност на проектите за социјален развој, осигурувајќи дека овие проекти се креирани да бидат отпорни на влијанијата од климатските промени. Насоките ја нагласуваат интеграцијата на податоците, климатските проекции и проценките на ризик во планирањето на проектите, со посебен фокус на родово-чувствителните пристапи. Со оглед на климатските и социјалните димензии, ова упатство го поддржува развојот на проекти кои не се само еколошки одржливи, туку и социјално инклузивни, промовирајќи долгорочен раст на човечкиот капитал во Северна Македонија. Упатството првично е развиено за да ја поддржи работата на институциите на централно ниво, како што се министерствата задолжени за пазарот на труд, вработување, социјална политика, родот и еднакви можности, но може да се искористи и од граѓанскиот сектор и приватниот сектор.
Овие водичи би требало да послужат како критични ресурси за креаторите на политики, дизајнерите на проекти и практичарите за развој кои работат на изградба на поотпорна и правична иднина за македонското општество. Преку интеграција на родово чувствителни пристапи и адресирање на климатските аспекти, овие документи имаат за цел да ја подобрат способноста на земјата да се прилагоди на климатските промени, истовремено поттикнувајќи одржлив развој на човечкиот капитал.
Прилог:
Насоки за интегрирање на родовата димензија и димензијата на човечкиот капитал во оценувањето и осмислувањето проекти кои се однесуваат на климата
Насоки за зајакнување на аспектите на климатските промени во проектите за општествен развој
На албански јазик:
Udhëzues për integrimin e dimensionit gjinor dhe kapitalit njerëzor në hartimin dhe vlerësimin e projekteve të lidhura me klimën
Udhëzues për përmirësimin e aspekteve të ndryshimeve klimatike në projektet e zhvillimit social