Пакетот алатки за ангажирање на приватниот сектор во климатски активностие развиен во рамките на вториот проект
на Република Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд
„ Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната
програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија“, спроведен од ФАО под водство на Кабинетот на Заменик
претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и
инвестиции, како Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд.
Пакетот алатки служи како навигација низ суштинската терминологија, концепти, искуства и можности кои треба да им помогнат
на актерите од приватниот сектор да се вклучат во климатски активности и инвестиции. Содржи информации за климатските
промени, заканите и можностите за приватниот сектор предизвикани од климатските промени, климатските финансии, климатските
технологии и улогите на актерите од приватниот сектор во ублажување на и прилагодување кон климатските промени. Пакетот
алатки, исто така, ги води актерите од приватниот сектор низ институционалниот и политичкиот контекст поврзан со климатските
активности во Северна Македонија.
View online