Од мај до септември 2024 година, во рамките на Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка финансиран од Зелениот климатски фонд преку проектот „Градење капацитети за одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“, формираните работни групи - составени од професионалци од националните институции, граѓанскиот сектор и меѓународната донаторска заедница - соработуваа со цел да се развијат секторски акциони планови насочени кон справување со предизвиците на климатските промени. Секторските работни групи придонесоа кон развој на следните акциски документи:
-
Акциски план за декарбонизација на здравствениот сектор;
-
Акциски план за интеграција на образование за одржлив развој и климатски промени во основното, средното (вклучувајќи го и стручното образование) и високото образование, како и образованието за возрасни; и
-
Акциски план за поддршка на развојот на зелено, климатски паметно, родово сензитивно и инклузивно вработување во клучните економски сектори во државата.
За секој од секторските документи, беа организирани серија продуктивни и колаборативни работилници, на кои учествуваа широк спектар на претставници на засегнатите страни од државните институции, граѓанското општество, и академската заедница. Поддржани од национални и меѓународни експерти, овие работилници послужија како платформи за длабински дискусии, размена на знаења и заедничко креирање на иницијативите во акциските планови. Преку овие сесии, засегнатите страни работеа колективно на дизајнирање акции и секторски специфични иницијативи за справување со предизвиците со климатските промени во секторите на здравството, образованието, пазарот на труд и социјалната политика. Овој инклузивен пристап обезбеди секој акционен план да ги одразува уникатните потреби, перспективи и експертиза на сите вклучени, поттикнувајќи усогласување и посветеност на целите за отпорност на климата за Северна Македонија и заложбите за климатски промени.
1. Акциски план за декарбонизација на здравствениот сектор
Акциониот план за декарбонизација на здравствениот сектор во Северна Македонија се фокусира на намалување на емисиите на стакленички гасови (GHG) и зголемување на отпорноста на климатските влијанија. Клучните предлози вклучуваат енергетска ефикасност, интеграција на обновливи извори на енергија, здравствена инфраструктура отпорна на климата, зачувување на водата, одржлив транспорт и подобрување на управувањето со отпадот. Овој документ е работен во согласност со националните климатски цели, како што е заложбата за намалување на стакленички гасови од 51% до 2030 година и 72% до 2050 година.
За да се имплементираат овие цели, документот предлага рамка за управување предводена од Министерството за здравство (МЗ), со структурирани улоги за институциите како Институтот за јавно здравје и локалните власти. Приоритет е ангажманот на засегнатите страни, охрабрувајќи ги партнерствата меѓу владата, давателите на здравствени услуги и приватниот сектор. Градењето на капацитетите за здравствените работници и образованието на заедницата за отпорноста на климата е во фокусот, заедно со целните мерки за ранливата популација.
Напредокот во мониторингот вклучува индикатори за следење на намалувањето на емисиите, употреба на енергија и мерки за отпорност, поддржани преку континуирано собирање податоци и известување. Стратегиите за мобилизација на финансии за реализација на мерките ги нагласуваат меѓународните фондови, јавно-приватните партнерства и владиниот буџет како клучни извори. Рамката за управување со ризик се однесува на потенцијалните климатски, финансиски и оперативни ризици, со планови за подготвеност за итни случаи за здравствени кризи поврзани со климата. Преку овие акции, планот има за цел да го усогласи здравствениот сектор со одржливи практики, истовремено обезбедувајќи подготвеност за здравствени предизвици поврзани со климата.
2. Акциски план за интеграција на образование за одржлив развој и климатски промени во образованието во државата
Акцискиот план за интегрирање на Образованието за одржлив развој (ООР) и образованието за климатски промени (ОКП) во образовниот систем на земјата прикажува сеопфатна рамка за подобрување на климатската писменост и опремување на учениците со зелени вештини на сите нивоа на образование. Клучните цели вклучуваат вградување на ООР и ОКП во наставните програми, зајакнување на капацитетите на наставниот кадар и институционалните капацитети, и инвестирање во инфраструктура за поддршка, на ниво на училиште и централно на ниво на институции. Планот е усогласен со националните стратегии, како што е Националната стратегија за развој 2024-2044 година, и е во насока на исполнување на заложбите на УНЕСКО за 90% од земјите да имплементираат зелени наставни програми до 2030 година.
Имплементацијата вклучува создавање на меѓуинституционален проектен тим (проектна единица) предводен од Министерството за образование и наука (МОН) и ангажирање на повеќе засегнати страни, обезбедувајќи соработка помеѓу владата, академијата, индустријата (приватниот сектор) и граѓанското општество. Планот вклучува обемна обука за наставниците и јавната администрација, надградба на инфраструктурата како системи за зелена енергија за училиштата и централизирана дигитална платформа за следење на ресурсите во рамките на министерството. Се очекува финансиска поддршка од национални и меѓународни извори, со стимулации за инвестиции од приватниот сектор во зелената образовна инфраструктура.
Стабилната рамка за мониторинг ќе го следи напредокот, а стратегиите за управување со ризик се наведени за да се решат потенцијалните институционални, еколошки и општи ризици од проектот. Севкупно, акцискиот план има за цел да создаде одржлив, климатски отпорен образовен систем кој ќе ги оспособи младите во државата да се справат со глобалните еколошки и климатски предизвици.
3. Акциски план за поддршка на развојот на зелено, климатски паметно, родово сензитивно и инклузивно вработување во клучните економски сектори во државата
Акцискиот план за Северна Македонија се фокусира на создавање климатски паметен, инклузивен и зелен пазар на труд за поддршка на одржлив економски раст и исполнување на климатските заложби на земјата. Целите на државата се осврнуваат на промовирање на зелени работни места, обезбедување социјална инклузивност и поттикнување на отпорноста на климата низ клучните сектори како што се обновливите извори на енергија, одржливото земјоделство, одржливо и еколошко-прифатливо градежништво и управувањето со отпадот. Овој документ е во насока на Национално определените придонеси (NDCs) на Северна Македонија и Целите за одржлив развој, поддржувајќи ја амбицијата на земјата да ги намали емисиите на CO₂. Дополнително, акцискиот план вклучува мерки и активности предложени директно од главните институции и чинители во оваа област.
Клучните аспекти за имплементација вклучуваат градење капацитети преку насочени програми за обука, развивање на политики за климатско-паметно вработување и искористување на партнерства со владините агенции, приватниот сектор и меѓународните организации. Работата со засегнатите страни треба да се обезбеди преку континуирана соработка, со дефинирани улоги за министерствата, граѓанското општество, образовните институции и претставниците на приватниот сектор.
Понатака, Акциониот план утврдува индикатори за успешност за следење на резултатите, како што се стапките на создавање работни места, развој на зелени вештини и родова инклузивност во работната сила. Стратегиите за мобилизација на финансиска поддршка за имплементација на иницијативите предвидуваат обезбедување на финансирање од различни извори, вклучувајќи го Зелениот климатски фонд, меѓународните финансиски институции и јавно-приватните партнерства. Препораките во делот на управување со ризици се однесуваат на потенцијалните финансиски и институционални предизвици, обезбедувајќи флексибилност и ефикасност на ресурсите за постигнување зелен, одржлив и инклузивен пазар на труд за Северна Македонија.
Видете ги акциските планови тука:
Документи на албански јазик: