Проектот “Зелени градови” има цел да овозможи премин на градовите кон урбан развој со ниски емисии и отпорност на климата. Тесно е поврзан со стратешките областите на ЗКФ, како што се енергетика и пристап, транспорт, згради, градови, индустрии и уреди, приходи на луѓето и заедниците, инфраструктура и изградена средина.
Проектот е одобрен од ЗКФ во октомври 2018 година, и се предвидува да трае 23 години. Ќе се спроведува со поддршка на ЕБОР, која е акредитиран субјект на ЗКФ, со учество на националните и локалните власти во девет држави.