Отворен повик за финансиска поддршка на проектни идеи
од Зелениот климатски фонд
во Република Северна Македонија (2019)
Владата на Република Северна Македонија, претставена од Кабинетот на заменикот претседател на Владата одговорен за економски прашања како национален назначен орган (ННО) за Зелениот климатски фонд, го објавува Отворениот повик за доставување на проектни идеи што се фокусираат на предизвиците предизвикани од климатските промени.
Отворениот повик има цел да собере проектни идеи со потенцијал за ублажување/адаптација на климата, кои ќе бидат разгледани на национално ниво како прв чекор во постапката за изработка на предлог-проекти (проектна идеја, концептна белешка и целосен предлог-проект), кои би се финансирале со грантови, заеми, капитал и гаранции од Зелениот климатски фонд (ЗКФ)
Кратки информации за Зелениот климатски фонд
Зелениот климатски фонд (ЗКФ) е нов глобален фонд воспоставен со Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (УНФЦЦЦ) со цел да им помогне на земјите во развој да се справат со предизвиците од климатските промени (https://www.greenclimate.fund/home). Главните начела на ЗКФ како глобален фонд се да промовира парадигма на промена кон развој со ниски емисии и отпорност на климата во различни држави.
Во моментов вкупните средства доделени на ЗКФ изнесуваат 10,3 милијарди УСД, а мобилизацијата на дополнителни средства и понатаму продолжува.
Прифаќање на проектни идеи
Белешките за проектни идеи треба да се пополнат и поднесат онлајн до ННО (на: http://www.greendevelopment.mk/en/Account/Login.aspx), по што ќе се утврди нивната подобност и ќе учествуваат во постапката за приоретизација со цел да се утврди можноста да бидат вклучени во Работната програма на земјата за ЗКФ.
Секоја проектна идеа треба да е во согласност со приоритетните сектори/активности за ублажување и адаптација веќе дефинирани во националните стратешки документи (Третиот национален план за климатски промени - за приоритетите во однос на адаптација, и Вториот двогодишен извештај за климатски промени - за приоритетите за ублажување), како и со стратешките области на влијание на ЗКФ. Сите релевантни документи се наведени на официјалната интернет-страница: www.greendevelopment.mk.
Како да аплицирате?
Овој повик е отворен за сите заинтересирани засегнати страни вклучително и за академските установи, националните/локалните власти, јавните и приватни претпријатија, граѓански организации и други правни лица, така што секој правен субјект со идеи за инвестирање во климата се охрабрува да развие сопствена проектна идеја.
Подносителите треба да ја пополнат Белешката за проектна идеја на англиски јазик, со употреба на образецот до кој може да се пристапи на интернет-страницата www.greendevelopment.mk, во делот “Поднесете проектна идеја (Submit Project Idea)”.
Пред да почнат со подготовка на проектната идеја, подносителите треба да се регистрираат на http://www.greendevelopment.mk/en/Account/Signup.aspx, со цел да добијат пристап до образецот Белешка за проектна идеја.
Рок за поднесување на проектни идеи
Подносителите треба да достават целосно пополнета Белешка за проектна идеја најдоцна до 15 декември 2019 година (16:00 чaсот)
Корисни документи:
Деталните упатства за ЗКФ, за стратешките области на влијание, главните критериуми за подобност и приоретизација, за изработката на проектни идеи, како и за изработката на концептна белешка и целосен предлог-проект се дадени во следните документи:
Open Call for Project Ideas for Green Climate Fund financial support
Отворен повик за финансиска поддршка на проектни идеи од Зелениот климатски фонд
Thirrje e Hapur për Projekt-ide për mbështetje financiare nga Fondi i Gjelbër Klimatik
Applicant Guidelines for Developing Project Ideas for the GCF
Упатство за изработка на проектни идеи за ЗКФ
Udhëzime për përpilim të Projekt-ideve për GCF