“„Агендата 2030 и Целите за одржлив развој се наш колективен одговор за градење на фер глобализација“ ” Антонио Гутиереш,
генерален секретар на Обединетите нации
Агендата 2030 за одржлив развој, усвоена од сите држави-членки на ОН во 2015 година, претставува
заеднички модел за мир и просперитет за луѓето и планетата, во сегашноста и во иднина. Таа содржи 17 цели за одржлив развој
(ЦОР), кои се најдобриот план за да се изгради подобар свет за луѓето и планетата до 2030 година. ЦОР се повик за акција до
сите држави - и развиени и во развој - да се залагаме за просперитет и истовремено да ја штитиме животната средина.
Ставањето крај на сиромаштијата мора да оди рака под рака со стратегиите кои поттикнуваат економски раст и
решаваат многу социјални потреби, меѓу кои и образование, здравство, еднаквост и можности за работа,
а истовремено се осврнуваат на климатските промени и се залагаат за заштита на океаните и шумите.
Целите се меѓусебно поврзани и со партнерство и мир треба да ги спроведуваат сите држави.
Со цел никој да не заостане, важно е секоја цел и таргет да бидат исполнети до 2030 година.
Во текот на втората половина на 2019 година и почетокот на 2020 година, Кабинетот на заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација на економските сектори, во улога на Национален координатор за Агендата 2030 на ООН и Целите за оджрлив развој, спроведе Брза интегрирана Проценка и Доброволен национален преглед (Voluntary National Review) за спроведувањето на Агендата 2030 и Целите за oдржлив развој (ЦОР). Процесот беше спроведен со поширок ангажман на националните и локалните институции, меѓународните партнери, граѓанското општество, приватниот сектор и академијата.
Главни достигнувања на патот на Северна Македонија кон достигнување на Целите за одржлив развој:
- Во 2016 година, беше спроведена Анализа на недостатоците (Gap Analysis) за да се процени степенот на вклучување на ЦОР во националните плански документи за одржлив развој;
- Во декември 2018 година, Националниот совет за одржлив развој ги идентификуваше ЦОР 1, ЦОР 4, ЦОР, ЦОР 13 и ЦОР 16 како пет приоритетни цели за одржлив развој за периодот 2018-2020 година, врз основа на приоритетни активности и мерки дефинирани во Владината програма (2017-2020) и петте столба на Рамковната програма на ООН за поддршка на развојот за периодот 2016-2020 година;
- Во август 2019 година, со поддршка на УНДП беше организирана почетна работилница за Техничката работна група, за да се запознае со процесот на Доброволен национален преглед;
- Во октомври 2019 година, се одржа подготвителна работилница за експерти од централната и локалната власт за спроведување на Брза интегрирана проценка;
- Во декември 2019 година, со поддршка на Канцеларијата на постојаниот координатор на ООН беше организирана работилница „Агенда 2030 Рамка за индикатори“ со учество на 80 претставници од владини и агенции на ООН. Учесниците и Државниот завод за статистика ја поддржаа предложената рамка од 100 индикатори;
- Во декември 2019 година, беше отворен Јавен повик за граѓански организации да аплицираат за учество во процесот на Доброволен национален преглед. Околу 30 граѓански организации аплицираа и ги искажаа своите ставови за предизвиците и потенцијалните решенија поврзани со одржливиот развој на земјата;
- Во јануари 2020 година, беше организирана дводневна работилница со наслов „Ангажирање на засегнатите страни“ за процесот на Доброволен национален преглед, со поддршка на “Partners for Review” и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Присуствуваа околу 40 претставници од академијата, стопанските комори, граѓанското општество и Владата;
- Во јануари 2020 година, беше објавен Повик за академски институтции за публикации и истражувачки проекти поврзани со Целите за одржлив развој;
- Во февруари 2020 година, беше организирана работилница заедно со Организацијата за економска соработка и развој и Амбасадата на Шведска за презентирање и дискутирање за „Мултидимензионалниот преглед“ на Северна Македонија;
- Во март 2020 година, беше организирана дводневна консултација за првиот нацрт извештај на Доброволниот национален преглед;
- Во март 2020 година, беше организиран Младински форум / консултација за Доброволниот национален преглед;
- Во април 2020 година, вториот нацрт на извештајот Доброволен национален преглед беше широко консултиран со засегнатите страни.
На седница на Националниот совет за одржлив развој одржана во мај 2020 година
Националниот доброволен преглед со сите придружни документи беше претставен и беше заклучено да се достави за конечно одобрување до Владата. Владата ја усвои Брзата интегрирана проценка за Агендата 2030 и Националниот доброволен преглед за спроведување на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој и го овласти Националниот координатор за одржлив развој да го претстави на политичкиот форум на ООН за одржлив развој во Јули 2020.
Доброволниот национален преглед – Северна Македонија беше презентиран на 14 јули 2020 за време
на високиот политички форум за одржлив развој во рамки на Економскиот и социјален совет кој се
одржа од 7 до 16 јули 2020 онлајн заради пандемијата Ковид-19.
ЛИНКОВИ:
Презентација на Доброволниот национален преглед – Северна Македонија 2020
Доброволен национален преглед за имплементација на „Агендата 2030“ на високиот политички форум за одржлив развој
Цели за одржлив развој 2019 Северна Македонија