Програма за подготвеност и подготвителна поддршка

Програма за подготвеност и подготвителна поддршка

Со цел да се подобрат капацитетите на државата за зајакнување на климатските финансии, Зелениот климатски фонд одвои ресурси во рамките на Програма за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ (Програмата за подготвеност), со кои ќе им помогне на државите да ја подобрат информираноста, да развијат капацитети и да ги ангажираат сите релевантни засегнати страни на национално/локално ниво.

Програмата за подготвеност има цел да ги подобри националните капацитети за пристап до средствата од ЗКФ со цел спроведување на национални мерки за адаптација и ублажување предводени од самата држава. Севкупната цел е државата да биде целосно подготвена да ги исполни своите обврски согласно Парискиот договор за климата, како и обврските за климатска акција во рамките на процесот за пристапување кон Европската унија, а истовремено да ја унапреди климатската акција во приоритетните сектори, вклучително земјоделство, енергетика, транспорт, здравство, шумарство, водни ресурси, отпад, биодиверзитет и културно наследство.  

Програмата за подготвеност на ЗКФ има предвидено средства, по држава, на годишно ниво, за сите земји во развој, вклучително и за Република Северна Македонија во висина до 1 милион УСД како поддршка на активностите за подготвеност; и дополнителна алокација од максимум 3 милиони УСД за подготвување на национални планови за адаптација (НАП) и/или за други процеси за планирање на мерки за адаптација.

Државите може да достават повеќе барања согласно нивните потреби. Националните назначени органи за ЗКФ може да имплементираат повеќе грантови за подготвеност истовремено, но од нив се очекува да осигураат дека проектите за подготвеност се засноваат на претходни интервенции и истите се комплементарни на националната визија.

Поддршка за подготвеност за Северна Македонија

„Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија“

  • Област на подготвеност: Зајакнување на ННО, програмирање за земјата, овозможување директен пристап до климатски финансии
  • Период на имплементација: Јуни 2020 – декември 2021
  • Статус: Во тек на имплементација

Ова е втор проект на Република Северна Македонија во рамките на Програмата за подготвеност и подготвителна програма на Зелениот климатски фонд, кој го спроведува ФАО под водство на Кабинетот на заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган (ННО) за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Проектот се заснова на постигнатиот напредок во рамките на првиот проект за подготвеност на земјата за ЗКФ, спроведен во 2019 година, особено на дискусиите за развој на систем за следење, мониторинг и рационализирање на климатското финансирање во Северна Македонија, како и на развојот на Национален координативен механизам за ЗКФ и други прашања поврзани со климатски финансии и Процедурата за приоритизација на национални предлози на финансирање од страна на Зелениот климатски фонд.


Очекувани резултати:


Преку овој проект, ННО ќе има за цел да го финализира развојот на Национална работна програма за Зелениот климатски фонд со конкретни приоритети и детален преглед на проектни / програмски идеи (од јавни и приватни чинители, на национално и локално ниво) во идентификуваните приоритетни сектори - енергетика, транспорт, водни ресурси, земјоделство, отпад, биолошка разновидност, здравство, шумарство и културно наследство - што ќе се спроведе како дел од напорите на Северна Македонија за справување со климатските промени.


Врз основа на постигнатиот напредок во рамките на првиот грант за подготвеност, ќе биде финализиран системот за следење, мониторинг и рационализирање на климатските финансии во земјата.


Зајакнувањето на капацитетите на различни национални чинители за прашања поврзани со ЗКФ ќе остане во фокусот, со особено внимание на зголемување на ангажманот на приватниот сектор во иновации и инвестиции за климатско дејствување во приоритетните сектори на земјата.


Проектот исто така ќе поддржи трансфер на знаење и искуства на институционално ниво во врска со процесот на акредитација на ЗКФ за да и се овозможи на земјата директно да пристапува до средствата од Фондот. Ова вклучува идентификување на потенцијални национални институции кои ќе го започнат процесот на акредитација за да станат субјекти со директен пристап до ЗКФ.


„Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“

  • Област на подготвеност: Зајакнување на ННО и на процесот на програмирање
  • Период на имплементација: Септември 2018 - Октомври 2019
  • Статус: Завршен

Во 2017 година Република Северна Македонија, преку ННО, побара првичен грант од Програма за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ (Програмата за подготвеност). Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“ го спроведе Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), како акредитиран субјект за ЗКФ под водство од ННО, со цел да ја зголеми сопственоста на државата и да ги зајакне институционалните капацитети на ННО за ефикасно вклучување и соработка со Фондот.

Проектот се фокусираше на зајакнување на институционалните капацитети на ННО со цел овој орган ефективно да ги исполнува своите улоги и одговорности поврзани со ЗКФ, да ги креира потребните партиципативни процеси за вклучување на сите засегнатите страни на национално ниво, како и да започне со подготовка на Работната програма за ЗКФ усогласена со националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, со Целите за одржлив развој и со критериумите за инвестирање на Зелениот Климатски Фонд.


Постигнати резултати:


  • Подигната свесност и разбирање на релевантните засегнати страни за ЗКФ и процесот за подготвеност во земјата;
  • Воспоставен механизам за координација во државата за работи поврзани со ЗКФ и консултативни процеси со засегнатите страни, раководени од ННО;
  • Идентификувани приоритетни сектори за климатско дејствување и утврдени критериуми за приоретизирање на предлог-проекти, изработени во Северна Македонија за финансирање преку ЗКФ;
  • Воспоставена процедура ‘Без-приговор’ со цел да се гарантира сопственоста на државата над климатските проекти поддржани од ЗКФ;
  • Развиена иницијална процедура за мониторинг, надзор и насочување на климатските финансии во Северна Македонија;
  • Зголемена свесност кај засегнатите страни за Еколошките и социјални гаранции (ЕСС) и родовите стандарди потребни за задоволување на барањата на ЗКФ;

Проектен информативен леток
Северна Македонија
2020



„Поддршка од Зелениот климатски фонд за развој на капацитетите за пристап до климатски финансии“

Во рамките на националните напори за постигнување ниско-јаглеродна економија и развој кој ќе биде отпорен на климатаките промени, Кабинетот на Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ) добива поддршка од ЗКФ за развој на националните капацитети за пристап до климатски финансии.

Поддршката активно ќе придонесе за надополнување на тековните процеси и напори за подготвителност преку следниве три главни области на делување:


1. Оценка на економскиот ризик за земјоделскиот сектор што вклучува анализа на потенцијалните трошоци и придобивки од ефектите на климатските промени врз земјоделскиот сектор, вклучително и:


  • Креирање на преглед на економските ризици поврзани со климатските промени;
  • Развој на проектни концепти за поддршка на процесите на адаптација на земјоделскиот сектор кон климатските промени;
  • Развој на финансиски и економски модели/ алатки кои можат да се користат за анализа на инвестиции или при развој на целосен предлог проект за Зелениот климатски фонд или други предлози за финансирање.

2. Поддршка на процесот на приоретизација на проекти, што вклучува:


  • Користење на веќе воспоставените критериуми за рангирање на потенцијални проектни идеи за ЗКФ за да се евалуира потенцијалот / нивото на приоритетност на проектите за адаптација на земјоделскиот сектор кон климатските промени и за ублажување на влијанијата од климатските промени во секторот енергетика.
  • Проценка на потребите за климатски финансии врз основа на овие проектни идеи.

3. Проценка на капацитетите за услуги поврзани со климатски информации кој се спроведува со цел да се добие јасна продлабочена анализа за моменталната состојба во државата по однос на услугите за климатски информации; да се изврши идентификација на предизвиците и недостатоците на знаења и информации и да се предложат препораки како овие недостатоци да се надминат. Проценка на капацитетите ќе биде спорведена согласно рамката за оценка на капацитетите усвоена од Глобална рамка за климатски услуги и ќе се фокусира на следниве клучни прашања:


  • Кои се главните корисници на климатските услуги и информации и какви климатски информациони услуги истите користат?
  • Што им е потребно на корисниците од страна на климатските информациони услуги за да можат да ги зголемат инвестициите и да одговорат соодветно на климатските предизвици?
  • Кои специфични компоненти може да ги обезбеди Управата за хидро-метеоролошки работи во моментов?
  • Кои други институции играат значајна улога во системот на обезбедување на метеоролошки и хидролошки услуги и податоци?
  • Кои се предизвиците и можностите за подобрување на системот?

Оваа поддршка од страна на Зелениот климатски фонд започна во февруари 2020 година и се очекува да биде завршена до крајот на септември 2020.




Предлог за развој на Национален план за адаптација кон климатските промени (Програма на Зелениот климатски фонд за подготвеност)

‘’Подобрување на отпорноста на земјата преку интегрирање на адаптацијата во процесите на планирање’’
  • Држава корисник: Северна Македонија
  • Максимална сума на финансирање: УСД 3 милиони
  • Времетраење: 24 месеци
  • Партнер за имплементација: Програма за развој на Обединетите нации (UNDP)

Примарната цел на овој предлог проект е да се изградат олеснувачки институционални, планирачки и програмски средини за адаптација кон климатските промени на национално, општинско и секторско ниво преку зајакнување на координацијата, капацитетите и базите на информации, така што земјата може да дизајнира и спроведе ефективни инвестиции за адаптација кон климатските промени, во согласност со национални приоритети.

Успешното спроведување на овој проект ќе и помогне на Северна Македонија да напредува на нејзиниот пат кон одржлив и климатски отпорен развој. Овој процес на напредок ќе ги таргетира клучните институции од национално до општинско ниво со фокус на деветте приоритетни сектори енергетика, транспорт, земјоделство, биодиверзитет, здравство, водни ресурси, шумарство, отпад и културно наследство. Овој проект е внимателно дизајниран да одговори на потребите на земјата, да се усогласи и да ги поддржи националните аспирации за развој и да ги надополни другите поврзани проекти.

Овој предлог цели кон постигнување на три (од четири можни) резултати:

  • 1. Подобрување на планирањето за адаптација кон климатските промени и зајакнување на институционалната координација;
  • 2. Генерирање докази за дизајнирање решенија за адаптација кон климатските промени, со цел да се постигне максимално влијание;
  • 3. Вклучување на приватниот сектор во имплементација на мерките за адаптација, со цел постигнување на каталитички ефект.

Пошироко, овој предлог ќе придонесе за унапредување на националните напори за клима во Северна Македонија, врз основа на претходните напори и унапредување на имплементацијата на стратешките документи, вклучително Националните придонеси, Долгорочната стратегија и Закон за климатска акција, Агендата 2030 и Целите за Одржлив развој, Работната Програма на Северна Македонија за Зелениот климатски фонд, како и секторските планови и напори поврзани со климатските промени.

Повеќе информации: Предлог за развој на Национален План за Адаптација

Кабинет на заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија одговорен за економски прашања и координација на економските сектори
Национален назначен орган (ННО)/Точка за контакт со Зелениот климатски фонд

Веб-страница: www.vicepremier-ekonomija.gov.mk
Лицe за контакт

  Сандра Андовска, советник за климатски промени, Кабинет на заменикот претседател на Владата на Северна Македонија одговорен за економски прашања и координација на економските сектори

Е-пошта

Зелен развој Северна Македонија

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

TOP