Втор вебинар за акредитација: „Директен пристап до климатски финансии"

Овој вебинар е дел од серијата работилници што се одржуваат во рамки на вториот проект на Република Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ „Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија“ кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) под раководство на Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања.


Датум: 19 ноември (четврток) 2020 година

Работни јазици: македонски/англиски

Време14:00-15:30

​Организирана преку ZООМ платформата

Вториот вебинар за акредитација ги презентираше конкретните чекори што потенцијалните субјекти за директен пристап до ЗКФ (Direct Access Entities) – институции / организации, треба да ги следат за да учествуваат во националниот процес на приоритизација. Дополнително, учесниците имаа можност да разберат за Методологијата за брзо оценување и формуларите за апликација што ќе се користат како дел од процесот за брзо оценување на потенцијалните национални субјекти за директен пристап до ЗКФ. 

Специфични цели на вебинарот:

  • Да се обезбедат детални информации за конкретните чекори што треба да ги следат потенцијалните субјекти за директен пристап до ЗКФ за да учествуваат во процесот на приоритизација на Северна Македонија за потенцијални субјекти за директен пристап;
  • Да се претстави Методологијата за брзо оценување и формуларите за апликација што ќе се користат како дел од процесот за брзо оценување на потенцијалните национални субјекти за директен пристап до ЗКФ;
  • Јавно да се објави Отворениот повик за аплицирање на потенцијални кандидати за директен пристап до Зелениот климатски фонд.

 

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

TOP