Национален назначен орган (ННО) / Точка за контакт со Зелениот климатски фонд

 

Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија e Национален назначен орган, односно официјална точка за контакт за комуникација со Зелениот климатски фонд.

Согласно барањата на Зелениот климатски фонд, ННО е надлежен орган со висока стратешка функција и е вклучен во националниот буџет, економските политики, развојните приоритети и планови како и во политиките за одржлив развој.


ННО ги има следните одговорности:

  • Стратешки надзор и обезбедување дека активностите на ЗКФ во Северна Македонија се усогласени со националните цели и рамките за клима и одржлив развој;
  • Повикување на јавните, приватните и граѓанските засегнати страни да ги идентификуваат приоритетите кои треба да се финансираат од ЗКФ;
  • Ангажирање на субјекти од јавниот, приватниот и невладиниот сектор кои сакаат да се акредитираат од ЗКФ и номинирање на таквите субјекти за акредитација за директен пристап;
  • Обезбедување конзистентност на предлозите за финансирање со националните планови и приоритети за климатски промени;
  • Насочување на употребата на средствата во државата за поддршка и подготвеност за ЗКФ.

Во процесот на изработка и спроведување проекти финансирани од ЗКФ, акредитираните субјекти работат заеднички со националните институции и го координираат процесот со ННО во Северна Македонија.

ННО е првата институција што ќе ја контактираат националните субјекти (јавни, приватни и невладини институции), заинтересирани за акредитација од Зелениот климатски фонд. ННО е исто така точка за контакт за одобрување на поддршката по акредитација од ЗКФ, односно поддршката за подготвеност која се дава за да се градат капацитетите на субјектите со директен пристап кои добиле акредитација од ЗКФ.


Тимот на ННО

Во моментов, тимот на ННО е составен од квалификуван и искусен персонал во Секторот за економски политики, структурни реформи и инвестиции во рамките на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.


Тимот е целосно функционален и спроведува различни мулти-секторски задачи и активности со цел да ја поддржи работата на Кабинетот на заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација на економските сектори.


Дополнително, Владата, исто така, назначи членови на Министерството за животна средина и просторно планирање како дел од техничкиот тим на ННО, да обезбедуваат стручни совети за технички прашања поврзани со климатските промени. Покрај тоа, во согласност со Механизмот за координација воспоставен во рамките на првиот проект од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ, капацитетите на ННО по потреба се зајакнуваат со институционална поддршка обезбедена од Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања.



Главните активности и задачи на ННО се:

  • Да биде точка за контакт за ЗКФ во Република Северна Македонија;
  • Да управува со координацијата и ангажирањето на засегнатите страни;
  • Да врши надзор на усогласеноста со националните приоритети при изработка на предлог-проекти за ЗКФ и акредитација;
  • Да врши административни проверки на проектните идеи за ЗКФ;
  • Тесно да соработува со акредитираните субјекти за ЗКФ со цел да се обезбеди посветеност при изработката на целосни предлог - проекти кои ќе се финансираат од ЗКФ;
  • Да објавува повици за доставување на концептни белешки за проекти за ЗКФ;
  • Да издава писма за номинација за директен пристап до ЗКФ;
  • Да издава писма за „Без-приговор“ за проекти/програми на ЗКФ;
  • Да ја прифаќа поддршката за подготвеност на ЗКФ;
  • Да доставува до Владата предлози за ко-финансирање на проекти за ЗКФ;’;
  • Да дистрибуира информации и да работи на подигањето на свеста меѓу главните национални засегнати страни за прашања поврзани со ЗКФ;
  • Да обезбедува транспарентност на националните климатски финансии согласно процедурите на ЗКФ.

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

TOP