АПЛИЦИРАЈ
АПЛИЦИРАЈ
EN | MK

Отворен повик за апликации од потенцијални

Субјекти со Директен Пристап до

Зелениот климатски фонд

Владата на Република Северна Македонија претставувана од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, како Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд, ги поканува сите заинтересирани јавни и приватни правни субјекти од Република Северна Македонија да учествуваат во процесот на рангирање и селекција на најсоодветниот субјект кој може да ја поддржи земјата како Акредитиран Субјект со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд.




Краен рок за доставување на формулари за аплицирање: 31 декември 2020 година.

00 : 00 : 00 : 00 Преостанато време

За прашања во врска со пополнување на формуларите за апликација, ве молиме контактирајте со:

  • Име : Благица Петрова
  • Email : blagica.petrova@fao.org
  • Телефон : + 389 (0)76 319 506
  • Позиција : ФАО Национален консултант за акредитација

  • Име : Игор Славкоски
  • Email : Igor.Slavkoski@fao.org
  • Телефон : + 389 (0)70 212 557
  • Позиција : ФАО Национален тим лидер и проект менаџер

Повик за апликации од потенцијални Субјекти со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд

Владата на Република Северна Македонија претставувана од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, како Национален назначен орган (ННО) за Зелениот климатски фонд, објавува Отворен повик за поднесување на апликации од потенцијални Субјекти со Директен Пристап (СДП) до Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

Отворениот повик цели кон потенцијални Субјекти со Директен Пристап кои сакаат да бидат земени во предвид во процесот на рангирање и селекција на најсоодветниот субјект кој може да ја поддржи земјата како Акредитиран Субјект со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд, да развива, имплементира и/или надгледува проекти/програми финансирани од ресурси на ЗКФ во согласност со програмата на Северна Македонија за ЗКФ.

Кој може да аплицира?

Овој повик е отворен за сите јавни или приватни правни субјекти од Република Северна Македонија кои се заинтересирани за учество во процесот на рангирање на кандидати за Субјекти со Директен Пристап. Можност да аплицираат имаат сите заинтересирани институции на национално, регионално и локално ниво, вклучително академски институции, национални/локални органи, јавни и приватни компании, граѓански здруженија и други правни лица со капацитети и искуство за спроведување на инвестиции финансирани со надворешни и/или домашни извори.

Севкупниот процес на рангирање и селекција на потенцијален СДП во Република Северна Македонија ќе биде извршен во четири фази прикажани на слика 1 подолу:


  • ФАЗА 1

    Подготвителна фаза и Јавна свест

  • ФАЗА 2

    Брзо оценување

  • ФАЗА 3

    Јаз Анализа и Следни чекори

  • ФАЗА 4

    Апликација за акредитација

1.Подготвителна фаза и Јавна свест

1.1 Спроведување на работилница (вебинар 1) за подигнување на јавната свест и презентација на ФАО Прирачникот за ЗКФ Процес на акредитација
1.2 Првично мапирање на засегнати чинители (долга листа на потенцијални Субјекти со Директен Пристап)

2.Брзо оценување

2.1 Спроведување на работилница (Вебинар 2), дисеминирање на формуларите за аплицирање за Брзо Оценување
2.2 Прегледување и оценка на апликациите за Брзо Оценување и подготовка на листа на најдобри кандидати
2.3 ННО и координативниот механизам го рангираат најдобриот кандидат за СПД за Анализа на јаз

3.Јаз Анализа и Следни чекори

3.1 Институционална Јаз Анализа
Писмо за посветеност од СДП
Собирање информации, работни сесии и детално оценување
3.2 Подготовка на План за следни чекори (Акционен План)
Вклучување на извештај од Јаз Анализа и План за следни чекори во Националната Програма
3.3 Координација со ННО за издавање на Писмо за номинација

4.Апликација за акредитација

4.1 Поддршка на СДП во комплетирање и поднесување на ЗКФ Апликација за акредитација во веб системот за акредитација
Работни сесии со СДП

Овој повик се однесува конкретно на Фаза 2, која ќе има за цел спроведување на Брза Оценка на сите субјекти со потенцијал да станат Субјекти со Директен Пристап. Како резултат од, Фаза 2 ќе се обезбеди ранг листа на институции со поголем потенцијал да станат акредитирани, како и препорака до ННО за една (1) институција која треба да биде рангирана за да премине во наредната фаза во која ќе се врши детална институционална ЈАЗ анализа и дефинирање на следните чекори за акредитација за ЗКФ.


Повикот за аплицирање е официјално објавен на 19 ноември 2020 година. Заинтересираните субјекти ќе имаат до 10 календарски дена , од денот на објавување на повикот, да го изразат својот интерес преку веб страната на ННО, за да добијат формулари за аплицирање.


Како да аплицирате? Заинтересираните институции треба да го посетат следниот линк АПЛИЦИРАЈ , и да ги следат упатствата и инструкциите за да се регистрираат и да добијат пристап до Формуларите за аплицирање за Брзо Оценување. Само оние субјекти/апликанти кои ќе се регистрираат на веб страната ОВДЕ ќе добијат пристап до потребните формулари за аплицирање кои ќе им овозможат да учествуваат во националниот процес на рангирање за акредитација за Субјект со Директен Пристап до ЗКФ.

  • Барања
  • КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА
  • ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА
  • УПАТСТВА
Барања

• За да учествуваат во процесот, апликантите треба да се регистрираат на веб страната на ННО со цел да ги добијат формуларите за апликација за Брзо Оценување. Линкот за регистрација е: http://www.greendevelopment.mk/en/apply.aspx
• За да бидат земени во предвид, институциите апликанти мора да ги поднесат целосно пополнетите формулари за апликација пред рокот, вклучувајќи ги следните документи:

o Пополнети формулари за аплицирање за брзо оценување (FAO/MCD-ACC-02 и FAO/MCD-ACC-03)
o Копија од правни документи кои потврдуваат дека Апликантот е регистриран или овластен субјект за работа во земјата
o Копија од подзаконските акти на Апликантот и други документи за неговото корпоративно управување

Целосно пополнетите формулари за апликација и придружната документација треба да се поднесат на следната е-адреса: info@greendevelopment.mk
1. Што е Зелениот климатски фонд

Зелениот климатски фонд (ЗКФ) е нов глобален фонд создаден од Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации за поддршка на напорите на земјите во развој да одговорат на предизвиците од климатските промени. https://www.greenclimate.fund/home. ЗКФ промовира промена на парадигмата кон развој со ниски емисии и отпорност кон климатските промени. Исто така прочитајте: Кратко резиме за Зелениот климатски фонд

2. Што се акредитирани субјекти

Акредитираните субјекти (АС) се клучен дел од деловниот модел на ЗКФ. Само АС можат да поднесат предлог за финансирање до ЗКФ. Нивната улога вклучува подготовка и доставување на предлог проекти за оценување и одобрување до ЗКФ како и надгледување и мониторинг на управувањето и спроведувањето на проекти и програми одобрени и финансирани од ЗКФ. За пристап до средствата на ЗКФ, субјектите апликанти мора да поминат низ процес на акредитација, чија цел е да ги процени капацитетите на субјектот за соодветно управување со средствата и да осигура дека финансираните проекти/програми ќе бидат во согласност со стандардите за акредитација на ЗКФ.

3. Што се Субјекти со директен пристап

Субјекти со директен пристап (СДП) се акредитирани субјекти според барањата на ЗКФ за директен пристап, вклучително национални или регионални субјекти, кои стекнале номинација од Националниот назначен орган за ЗКФ. СДП може да вклучуваат министерства или владини органи, развојни банки, климатски фондови, комерцијални банки или други финансиски институции, приватни фондации и невладини организации.

4. Што е процес на брзо оценување

Целта на процесот за брзо оценување е да ги процени и рангира субјектите кои аплицирале преку овој Повик за да бидат разгледани како потенцијални СДП. Процесот на брзо оценување ќе резултира со ранг листа на субјекти со поголем потенцијал да бидат акредитирани, врз основа на нивниот учинок и капацитети за спроведување на проекти/програми. Формуларот за аплицирање за проценка преку процесот на брзо оценување, се состои од следните два (2) документи:

  • • Прашалник за оценка на квалификуваност (FAO/MCD-ACC-02): Прашалникот се состои од спој на отворени прашања и прашања со можност за повеќе одговори, чија цел е запознавање на субјектот апликант - како работи субјектот, главните сектори или активности кои ги спроведува, како и информации во врска со неговите активности, стандарди, процедури, и системи покрај другите корисни информации. Прашалникот е поделен во осум делови, од кои седум (7) ќе бидат оценети од страна на прегледувачите.

  • • Проектно портфолио за климатски промени (FAO/MCD-ACC-03): Со цел да го разбереме искуството на субјектите за развивање и спроведување проекти/програми за климатски промени (ублажување и/или адаптација), потенцијалните СДП ќе треба да пополнат Проектно портфолио за изминатите 3 години, каде ќе обезбедат детални информации за видот на проектите, користени финансиски инструменти, области на делување, категорија на социјален ризик и ризик врз животната средина и сл.

5. Каде може да добиете помош околу пополнување на формуларите за аплицирање?

При пополнување на формуларите за аплицирање, доколку се сомневаат или имаат прашања околу тоа како да одговорат на прашалникот, субјектите може да контактираат со националниот тим на ФАО на следните контакти:

ИМЕ ПОЗИЦИЈА КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Благица Петрова Национален консултант за акредитација,
Канцеларија на ФАО во Северна Македонија
Email: blagica.petrova@fao.org
Мобилен тел.: + 389 (0)76 319 506
Игор Славкоски Национален тим лидер и проект менаџер,
Канцеларија на ФАО во Северна Македонија
Email: Igor.Slavkoski@fao.org
Мобилен тел.: + 389 (0)70 212 557

Пристигнати прашања од потенцијални субјекти со директен пристап
до Зелениот климатски фонд

• Доколку Ве интересира кои се условите и обврските кои треба да ги исполните во оваа фаза на брзо оценување, треба да се осврнете на прашалникот со кој се аплицира, каде во самите прашања се содржани критериумите/условите кои треба да ги исполните за да бидете потенцијален кандидат за субјект со директен пристап до ЗКФ. Доколку сте заинтересирани само за фидуцијарен стандард-кредитирање, прашањата 5.8 и 5.9. не се релевантни за вас и не треба да ги одговарате, а специфичните барања за кредитирање се содржани во прашање 5.10. Исто, доколку сте приватен субјект, прашањата 2.1.1 и 2.1.2 не се релевантни за вас и не треба да ги одговарате и исполните. Сите останати прашања се однесуваат на критериуми кои треба да ги исполните и затоа треба да ги одговорите. Што се однесува до обврски, од оваа фаза на брзо оценување, не произлегуваат никакви обврски за вас.
• Доколку Ве интересира кои се критериумите и обврските кои би ги имале долгорочно во случај да го започнете процесот на акредитирање, дополнителни и детални информации за тоа се следните:

o Листи за проверка кои Зелениот Климатски Фонд ги користи за да ги оцени апликациите за акредитација. Во овие листи детално се содржани сите услови кои треба да ги исполните за да се акредитирате. Специфични за кредитирање се деловите 5.3 (STAGE II - ACCREDITATION REVIEW CHECK LIST (Стр. 83-97 достапно на www.greenclimate.fund/sites/default/files/page/checklist-stage-ii-accreditation-panel.pdf, прашање 5.3 ) и STAGE I - INSTITUTIONAL ASSESSMENT AND COMPLETENESS CHECK CHECK LIST(Стр. 31-35, прашање 5.3, достапно на www.greenclimate.fund/sites/default/files/page/checklist-stage-i-secretariat.pdf ). Доколку аплицирате само за кредитирање, не мора да ги исполните условите од дел 5.2 и 5.1. Се останато треба да исполните.
o Мастер Договор кој Зелениот Климатски Фонд го потпишува со секој акредитиран субјект. Обврските кои секој субјект кој се акредитира ги има се дефинирани во овој Договор. Достапен е на www.greenclimate.fund/document/accreditation-master-agreement

Да, општините можат да аплицираат за проекти од ЗКФ. Директно смеат да аплицираат само доколку претходно се акредитираат. Доколку не, можат да аплицираат во партнерство со друго акредитирано тело за ЗКФ. Повикот кој во моментот е тековен се однесува за кандидати за акредитација како субјекти со директен пристап до ЗКФ, а не за проекти.
- Општи информации за акредитирани субјекти за ЗКФ www.greenclimate.fund/about/partners/ae
- Општи информации за процесот на акредитација за ЗКФ www.greenclimate.fund/accreditation
- Водич за ангажирање на Субјекти со Директен Пристап со ЗКФ кој дава детални информации за процесот на акредитација www.greendevelopment.mk/mk/Dokumenti/DocFAO/Guidebook_Engaging%20into%20GCF%20Accreditation.pdf
- Детални информации за барањата кои треба да ги исполните во процесот на акредитација може да ги видите во Листи за проверка кои Зелениот климатски фонд ги користи за да ги оцени апликациите за акредитација. Во овие листи детално се содржани сите услови кои треба да ги исполните за да се акредитирате. Специфични за кредитирање се деловите 5.3 (STAGE II - ACCREDITATION REVIEW CHECK LIST (Стр. 83-97, прашање 5.3.) и STAGE I - INSTITUTIONAL ASSESSMENT AND COMPLETENESS CHECK LIST (Стр. 31-35, прашање 5.3)
- Во врска со начинот и условите на користење на средства од ЗКФ, општите услови за секој акредитиран субјект кои се дефинираат со самата акредитација може да ги видите во Мастер Договор кој Зелениот климатски фонд го потпишува со секој акредитиран субјект. Обврските кои секој субјект кој се акредитира ги има се дефинирани во овој Договор. Достапен е на www.greenclimate.fund/document/accreditation-master-agreement. Конкретни услови за користње на средствата се дефинираат на ниво на ЗКФ проект или програма.
- За прашањето дали само преку еден субјект/институција ќе врши распределба на средствата од ЗКФ или може повеќе институции да добијат акредитација - бројот на субјекти кои може да аплицираат и да се акредитираат не е ограничен. Секое правно лице може да отпочне процес на акредитација со претходно добиено писмо без приговор од Националниот назначен орган за ЗКФ - ННО (Кабинет на Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори). Што се однесува до тековниот проект за подготвеност и подготвителна поддршка за ЗКФ имплементиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), ФАО и ННО ќе одберат еден субјект и ќе го поддржат во процесот на подготовка за акредитација. Тоа не ги ограничува сите останати заинтересирани да отпочнат процес на акредитација.
Во оваа фаза на аплицирање за учество во процес на брзо оценување на потенцијални кандидати за акредитација за Зелениот климатски фонд не е задолжително приложување дополнителна документација. Задолжителни за аплицирање се пополнети два формулари ACC-02 и ACC-03. Доколку во фазата на проверка и оценка се утврди потреба за дополнителни информации од некои од апликантите, оценувачите имаат право да Ви побараат дополнителни документи поврзани со прашањата и одговорите од апликацијата. Дополнителните документи, независно дали ги праќате по ваш избор или на наше барање, во оваа фаза на брзо оценување, не треба да се оригинали, заверени на нотар, ниту преведени на англиски јазик.